ВИДЕО: Оние што исфрлаа ѓубре во Бутел може да добијат казни затвор

Од:

Три лица се организатори на дивата депонија во Бутел и кривично се гонат за неовластено фрлање смет, недозволена трговија со отпад, а за ова може да заработат казни затвор од 1 до 5 години, изјави инспекторот во Град Скопје, Мирослав Богдановски, за „А1он“. Како што информира тој, инспекторите по увидот на терен, на осомничените им наложиле да престанат со исфрлање смет, а земјиштето да го исчистат. Но, тие не ја почитувале одлука, продолжиле и понатаму да истовараат градежен шут. За ова Инспекторатот поднел прекршочна пријава и очекува глоба.

„Треба да има казни и за тој што фрла, и за тој што наплаќал и за тој што стопанисува со плацот. За неовластено фрлање смет Кривичниот законик предвидува казни затвор. Во однос на непочитувањето на решението на надлежен инспектор казната е 6.000 евра. Даден им е временски рок во кој треба да го исчистат сметот и да го вратат земјиштето во првобитната состојба. Доколку не го исчистат, ние ќе упатиме барање до ЈП ‘Комунална хигиена’, кое ќе ја исчисти депонијата. Но, фактурата за чистење ќе им биде доставена на сторителите, со што ќе им се наложи тие да ги платат направените трошоци“, вели инспекторот Богдановски.

Инспекторот вели дека според доказите што ги доставиле тие, побарале да се изрече мерка и за запленување возила и механизација, кои ќе бидат затечени во Бутел.

„Се знаат лицата, имаме индиции дека тие ја организирале целата работа. Затоа е побарана и привремена мерка за стопирање на сите активности таму и да се запленат возила, камиони и багери, кои ќе се најдат во моментот на депонијата“, додава Богдановски.

Како што информира тој, за состојбата во Бутел се известени и други надлежни инспекции, како и Упрвата за јавни приходи, затоа што осомничените вршеле наплата на камионите што го истоварале сметот. За ова соодветна глоба ќе следува и од УЈП.

Инаку, инспекторите од Градот на терен излегоа откако „А1он“ објави дека во Бутел има огромна дива депонија на која секојдневно камиони исфралаат градежен шут и никој не ги запира. За состојбата алармира семејството Здравкови, кое се пожали дека плацот за два месеца им се претворил во депонија со градежен шут што го истурале сопствениците на соседниот плац. Немоќни да се спрват со нив, јавно ги повика надлежните да излезат на терен и да ги казнат сторителите, депонијата да се исчисти, а нивниот плац, да се израмни и да се врати во состојбата пред да биде натрупан сметот.

Би можело да ве интересира

Во Шведска изби најголемиот еколошки скандал во последните 50 години, обвинети се 11 лица

Велес пред нова еко-катастрофа: Троската од Топилница полна со олово ќе се дроби и меле пред да се извезува

Орце Костов

Дрисла: МВР и ОЈО да ги пронајдат подметнувачите на пожарот во депонијата

(ВИДЕО) „Луѓето се исплашени, чадот е страшен, можно е да е канцероген“: Гори депонијата Дрисла

Орце Костов

Чадот и смрдеата од запалената депонија кај Волковија се шират до Тетово и Гостивар

Катерина Ѓуровски

Втор ден гори депонијата Буково, непријатна миризба се чувствува во Охрид

Орце Костов