(ВИДЕО) Трајковска: Едно по едно ќе се отвораат досиејата од тефтерчето за лустрирање на новинарите

Од:

На средбата со претставниците на иницијативата Новинарски пленум, Томе Аџиев, претседателот на комисијата за лустрација, не сакал да ги слушне аргументите за специфичностите на новинарската професија и ја убедувал делегацијата дека лустрирањето на Јадранка Костова, уредничката на „Фокус“ е според законот, рече новинарката Оливера Трајковска.

– Се’ е според законот е одговорот на Аџиев, одлуката е донесена со надгласување. Потврдата дека никогаш не постоел никаков телефонски повик или списоци и дека ние не сме исклучок во работата на комисијата за лустрација – не знам дали да предизвикува наше смеење или нова загриженост дека списокот е некаде пред вратата и еден по еден ќе се отвораат досиејата, така како што некој предвидел во некакво тефтерче за лустрирање на новинарите, рече Трајковска.

Според неа на списоците се наоѓаат имиња на новинарите кон кои треба да се испрати завршниот удар.

– Лустрацијата на Јадранка Костова е уште еден удар кон Фокус, но и обид да се преправи историјата и дискредитира емисијата „Без наслов, но со повод“, која беше најдоброто нешто што е произведено од МТВ во 90-тите години, рече Трајковска

Новинарски пленум, денеска, се собра пред влезот на МРТ со барање да бидат примени кај претседателот на Лустрациската комисија, Томе Аџиев, според нив на ударот на лустрациската комисија ќе бидат критичките новинари.

Пораките на транспарентите на новинарите беа: „Лустрирајте ме и мене“, „Томе началниче“, „Комисија за верификација на нарачките“, „Новинарството во ендек“. Мухамед Зекири, Борјан Јовановски и Оливера Трајковска како претставници на Новинарскиот пленум на средбата со Аџиев се обидоа да му објаснат дека лустрирањето на Костова нема законска основа и претставува удар врз критичките новинари.

Одлуката на Новинарскиот пленум да бара прием кај Аџиев доаѓа откако Јадранка Костова, главен и одговорен уредник на „Фокус“ објави дека е лустрирана.

Иако комисијата за лустрација се уште официјално не го објавува нејзиното досие, Костова ја објави причината зошто е лустрирана на денот на годишнината од смртта на нејзиниот колега Никола Младенов.

-Зарем не е веќе кристално јасно колку Фокус е систематски третиран од фамилијата на власт! Не ги задоволи смртта на Никола Младенов и згаснувањето на дневен Фокус. Продолжија да нѐ гонат пред нивните судови и судии. И тоа не им ги насити ниските страсти, веројатно затоа што ја преживеавме казната … и еве ја смислија лустрацискава комедија, напиша Костова, која не присуствуваше на протестот пред седиштето на Комисијата за лустрација, кое се наоѓа во зградата на МРТ.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

Орце Костов

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски