(ВИДЕО) Оливер Спасовски за бугарскиот клуб: Лично го осудувам отворањето на вакви здруженија

Од:

Немало некои посебни обиди за нарушување на јавниот ред и мир и немало обиди за судир со полицијата, изјави во интервју за „Макфакс“ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со протестот во Охрид околу отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.

„Го разбирам протестот на граѓаните. Најсилно е правото на граѓанинот да го искаже тоа што го размислува. И јас лично осудувам отворање на таков клуб во Северна Македонија, посебно во Охрид. Зошто? Заради тоа што ние сме држава којашто е родена на придобивките од НОБ и тие придобивки ги чуваме и негуваме, а така ја чуваме и државата. Апсолутно јас и во идеолошка смисла сум следбеник на тие политики и сметам дека апсолутно не е прифатливо да биде промовиран начинот на однесување преку вакви ликови коишто биле дел од фашизмот“, посочува Спасовски во интервјуто.

По прашањето за односот со Бугарија, според него, станува збор за државнички прашања и за да може државата да гради иднина, како што рече, сите чинители во неа мора да имаат заедничка национална политика.

„И не може во ниту еден момент да си препишуваат едните на другите дека се поголеми Македонци. Такви дневнополитички игри не ни помагаат во овој дел. Да не си создаваме внатрешни проблеми заради дневнополитички интереси. Мислам дека може да се изнајдат механизми и сето она што ги нарушува националниот интегритет и националното чувство на граѓаните на оваа држава да се санкционира, можеби и преку поништување на регистрацијата на овие друштва“, истакна Спасовски во интервјуто.

Првиот полицаец одговара и за горливите прашања во МВР, за тоа дали полицијата има униформи, препукувањата меѓу гранковите синдикати, но и за селективноста од страна на полициските службеници.

За партиските вработувања, има или не селективност при изрекувањето казни од страна на полицијата, за најавите за негова смена, во интервју за „Макфакс“ со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Би можело да ве интересира

Од 549 нови полицајци, помалку од 40 Албанци, од 30 наградени, само еден Албанец, реагира ДУИ

Проблемот со здравственото осигурување во МВР повторно е поради вратени вработени со судски одлуки, објаснуваат од Фондот

Катерина Ѓуровски

Вработените во МВР повторно немаат здравствено осигурување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Нервоза и навреди на Мицкоски и Стоилковиќ кон пратениците на СДСМ, бараме извинување и реакција од Гаши

(ВИДЕО) Спасовски до Трипуновски: Дали 1.500 вработени во земјоделство ги оставивте без здравствено осигурување?

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници