ВИДЕО: Олигарси и политичари Македонци го формирале „хибридниот политичко-економски центар“ против ДУИ тврди Османи

Од:

Пред неколку месеци некаде на периферијата на Скопје се состанале олигарки и политички лидери, сегашни и актуелни го формирале „Хибридниот политичко-економски центар“ против ДУИ објаснува министерот на за надворешни работи и новоименуван потпреседател на партијата Бујар Осамни.

Концептот „хибриден политичко-економски ценатар“ првпат ДУИ го спомена за време на викендот кога се одржа состанок на Генералниот совет и таму лидерот Ахмети зборувал на оваа тема.

„Пред неколку месеци, некаде на периферијата на Скопје, се одржа средба меѓу некои македонски олигарси и политички лидери, сегашни и поранешни политички лидери, со аларм или констатација дека Албанците добиваат повеќе отколку што заслужуваат или го уриваат политичко-економскиот монопол на македонската заедница и се согласија да создадат национален центар, за да се запре овој процес или, како што тие го нарекуваат, албанизација на државата – објаснува Османи.

Тој не споменува конкретни имиња и тврди дека не се работело за страв од албанизација туку за страв од еднаквост.

-Овие движења што се случуваат на албанската политичка сцена имаат извор во таа централна оркестрација. Ова, всушност, не е страв од албанизација, тоа е страв од еднаквост. Затоа што рамноправноста ја гледаат како привилегија, ако гледаат Албанци на важни политички, одлучувачки позиции или албанската економија … Дури и тие спомнаа дека во градежништвото денес сите фирми се албански фирми во Северна Македонија, а демек тоа го загрозува интересот. Ова не е ништо повеќе од страв од еднаквост, страв од губење на политичките и економските монополи“, вели Осамани во дел од интервју што самиот го објави на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН до ДУИ: Јавноста заслужува одговори за вашите финансиски врски со Србија

ДУИ предупредува: Забраната за полагање правосуден испит на албански е спротивна на Законот

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад