(ВИДЕО) Огнената група на ДУИ: Немаме дилема дека Ахмети треба да остане, нови лица само во Владата

Од:

„Ја поддржуваме ориентацијата на Владата. Ова е принципиелна војна внатре во ДУИ. Oва ќе се рефлектира на поширокото ниво. Нема ништо лошо во ова. Цел владин состав потфрлува и треба да се сменат со нов свеж кадар“, изјави пратеникот и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити на денешната прес-конференција.

Според него ова ова не оди само на штета на ДУИ, туку и на штета на државата.

„Се работи за членството на ДУИ. Ќе ги користиме сите демократски средства, ќе одиме тет а тет со членовите да видиме што велат тие“, дополнува тој.

Како што вели, нема дилеми дека Али Ахмети треба да остане како лидер на партијата.

„Треба во владиниот тим и во ДУИ да има нови лица. На две седници на претседателството аргументиравме зошто луѓето потфрлуваат и дека треба да си одат. Се што се однесува за стратешките договори со ЕУ, Бугарија или добар закон во Собрание, јас ќе го гласам, а она што не е добро нема да го гласам“, изјави Меџити.

Би можело да ве интересира

Арбен Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Горан Наумовски

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Меџити: Го поддржувам потегот на Касами, процесот за обединување на ВРЕДИ е веќе започнат

Горан Наумовски