Во неделното интервју за Радио Слободна Европа, амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер, вели дека треба да се покаже дека има напредок пред земјите членки.
„Вистина е дека се уште сме во исчекување на нешто и не можам да ви кажам дека во европскиот Совет ќе се донесе ваква или онаква одлука. Тоа што го знам е дека чекаме нешто во добрососедските односи и чекаме на целата работа на доверба, клима на доверба кој беше побарана во месец декември, вели Оер.
Посочува дека не треба да се префрлува токата во потрага по виновникот, туку секој да го одработи својот дел. Македонија треба да напредува во прашањето за името пред Советот од 27, 28 јуни.
„Да ви кажам што ќе се случи во европскиот Совет за земјата, не би можела да го измислам тоа. Ќе повторам, условите од тоа што беше побарано во декември се јасни и според тоа што го напиша Комисијата која го држи перото за ова прашање, треба да се покаже пред земјите членки дека има напредок. Вистина е дека се уште сме во исчекување на нешто и не можам да ви кажам дека во европскиот Совет да или не, ваква или онаква одлука ќе се донесе. Тоа што го знам е дека чекаме нешто во добрососедските односи и чекаме на целата работа на доверба, клима на доверба кој беше побарана во месец декември“, вели Оер.
Важно е, вели амбасдорката, земјите членки да имаат позитивна перцепција за Македонија, но знаеме, вели, исто така кој што треба да одработи. Повторува, потребен е гест.
„Потребно е преговорите за како што ние го нарекуваме во нашиот жаргон „добрососедски односи“, потребно е за прашањето за името да имаме впечаток, сознание дека има движење и дека се напредува. Ќе повторам дека регионалната динамика постои, ќе ја примиме Хрватска, земјите членки не се расположени за блокирање. Треба да знаете дека Франција е земја пријател, многу напори сме вложиле во Македонија, и тоа веќе со години, многу кредити, соработка. Секој пат кога се гради европски проект има тука и дел од билатералната соработка. Таа идеја дека нештата ќе се направат туку така и со надворешна интервенција е погрешна. Волјата на двете земји, волјата за напредок е тоа што го очекуваат земјите членки. Ние не можеме тоа да го направиме наместо двете соседни земји“, изјави Оер.