(ВИДЕО) Одѕивот на изборите до 17 часот е 44,18 отсто

Од:

Одѕивот на првиот круг од претседателските избори до 17 часот попладнево изнесува 44,18 отсто, според податоците на Дражавната изборна комисија (ДИК) од 1788 избирачки места.

Од вкупно запишани 899.977 гласачи на овие избирачки места гласале 397.612 избирачи, односно 44,18 отсто, информираше на прес-конференција претседателот на ДИК Александар Даштевски.

Најголема излезеност од 67,19 отсто има во Новаци, а најмала во Пласница 15,5 отсто.

-Гласањето досега се одвива мирно во сите избирачки места, рече Даштевски.

Во споредба со првиот круг од претседателските избори од 2019 година, до 17 часот на овие избори има поголема излезеност за околу девет отсто.

До ДИК досега се доставени 308 приговори за заштита на лично избирачко право, од кои 75 се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат правото на гласт, 25 се отфрлени како неуредни, 38 се одбиени, а останатите се во обработка.

Би можело да ве интересира

Почна дистрибуцијата на избирачкиот материјал од битолската печатница

ДИК: Од преброени 89,98 отсто од избирачките места, Силјановска Давкова има 324. 177 гласа, Пендаровски 161. 393

Сиљановска води со над 100.000 гласови пред Пендаровски во обработени 2.575 избирачки места

Сиљановска со двојно повеќе гласови од Пендаровски во 1.650 обработени избирачки места

Александар Тодески

(ВИДЕО) ДИК: Одѕивот до 18.30 часот е 48,46 проценти

Орце Костов

ДИК: Одѕивот до 18 часот е 47,61 отсто