Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска се појави во апелациониот суд заедно со своите адвокати кои бараа да и се врати пасошот.
Еден од адвокатите, Сашо Дуковски пред судот рече дека таа имала углед во државата, никогаш не била осудувана и нагласи „Замислете министерка за култура без пасош“.
Обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски побара притвор бидејќи тоа бил единствен начн да се обезбеди присуство на обвинетата. Тој побара судиите да ја ценат висината на запретената казна која е затворска казна од минимум 5 години.
Инаку, екс министерката за култура е првоосомничена во случајот за малверзации со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО од проектот „Скопје 2014“, со што според СЈО, буџетот бил оштетен за околу 54 милиони денари.