Делегацијата на ЕУ во Скопје се покажа како добар домаќин и за медиумите. Маратонската лидерска преговарачка средба ја следат бројни екипи од земјата и од странство.
Амбасадорот Аиво Орав понуди храна и освежување за медиумските екипи. Новинарите низ шега велат – сега сме подготвени за долгата средба.