ВИДЕО: Оброк со Гога -пилешки стек, пире и салата за СОС детско село

Од:

Претседателската кандидатка Гордана Сиљановска Давкова денеска во изборниот штаб подготвуваше оброци за децата од СОС детско село. Таа со помош на неколку партиски активисти од ВМРО- ДПМНЕ спакува 50 оброци со веќе претходно приготвени пилешки стек, пире, салата и овошје.

– Се надевам ова ќе стане пракса и во иднина на претседателскиот кабинет да подготвува храна за оние на кои им е најпотребна, изјави Сиљановска- Давкова.

Настанот беше најавен на социјалните мрежи „ Подготвуваме оброк со Гога, биди хуман сподели оброк“ каде беа повикани граѓаните да донесат намирници и да помогнат во подготовката., односно пакувањето.

„Неколку пати се обидовме да се вклучиме во тековни активности од овој тип, но исто така не сакавме истите да ги политизираме. Затоа решивме да започнеме нова активност, која се надевам, откако ќе станам Претседателка, ќе стане традиција на која ќе се придружат и дипломати и познати личности. “, пишува на „ Фејсбук“

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски