ВИДЕО: Обезбедување на банка влече човек кој чекал на ред за социјална помош

Од:

Обезбедување на експозитура во една банка во Куманово обидувајќи се да извлече еден граѓанин надвор ситуацијата ја доведе до интервенција на итната помош.

Според порталот special.mk, граѓанин од ромска националност почнал да прави проблеми чекајќи на ред за да ја прими социјалната помош, а гужвата настанала откако интервенриало обезбедувањето и тој не сакал да ја напушти експозитурата.

Неговата сопруга пак, која се обидувала да му помогне се онесвестила поради стресот, по што била повикана и Итната помош. На местото интервенирала и полицијата за да преземат мерки за прекумерна употреба на сила од страна на обезбедувањето, но овој настан не го пишува во Билтенот на МВР.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе