(ВИДЕО) Обезбедувачот на Рашковски: Ми даваше кеш за да му плаќам кредити, школарини, осигурување

Од:

Мухамет Халим, обезбедување на Драги Рашковски, сведочеше на судењето за „Софтвери“ каде е обвинет неговиот поранешен шеф. Раскажа дека покрај тоа што му купувал доручек, добивал и кеш пари со кои плаќал школарини, осигурување, кредити за семејството на Рашковски. Обвинетиот кажа дека ќе го докаже потеклото на средствата, а посочи дека станува збор за 600.000 денари. Потврди и дека тој му ги давал на Халим.

„Обврските секогаш се темелеа во склоп на работата. Од да се купи доручек, да се види возилото, каде ќе треба да се отиде, тековни работи каде обврските потекнуваат зависно од денот. Од купување грицки чоколади, до да се плати нешто, некоја сметка“, каскажа Халим, сведок на обвинителката Ивана Трајчева во процесот.

Според него, имало и ситуација каде уплаќал и 300.000 денари, кои ги добил во кеш од Рашковски. Во банка му кажале дека не може да изврши готовинска уплата на толкава сума, па ги ставил кај него на сметка, за потоа да изврши плаќање за шефот.

„Уплатите беа за Рашковски, за неговата школарина, за школарина за неговото дете и за осигурување на неговото потесно семејство – сопругата и децата. Овие упати ги вршев откако ќе добиев обврска, ќе ми беше пишано што треба да се направи и ќе појдев во банка да ги уплатам средствата. Уплатите ги вршев во Тутунска банка. Уплатите ги вршев во готово, со тоа што Рашковски ќе ми ги дадеше парите и ќе ми пише каде што и како да се упати. Јас ќе отидам и ќе завршам. Па го известував дека е завршено, средено. Еден поголем износ на средства кој го имам уплатено, го имам преку мојата трансакциска сметка, без тоа да ми го каже Рашковски. Шалтерскиот работник ми го кажа. Беше околу 300.000 денари, кога шалтерскиот работник ми кажа дека не може да се уплтат во кеш, туку мора да поминат преку трансакциската сметка. Јас го прифатив тоа бидејќи обезбедувам функционер, сметав дека сите работи се кокретни. Сметав дека тоа што треба да се заврши е во рамките на тоа што е нормално. За тоа го известував Рашковски, дека на дел од уплатите стои моето име и презиме. Без да знам од што се парите, за кого се, освен за тоа дека треба да се уплтат за осигурување. Партите кои ги уплаќав не беа, туку од Рашковски. Тој ми ги даваше. Ми ги даваше во неговиот кабинет. Парите во ниту еден момент Рашковски не броеше пари. Тоа беше спремно, што треба да се направи“, рече сведокот и додаде:

„Мислам дека само еднашка има пополнето уплатница Елена Паговска, мислам дека работеше во финансии, компетентна за тоа, бидејќи јас не знаев како тоа треба да изгледа. Кога ги уплатив 300.000 денари, ми недостасуваа 3.000 денари. Го известив Рашковски, наредниот ден ми даде пари и ги уплатив и тие 3.000 денари. Тутунска банка сам ја избрав, сам таму уплатив бидејќи беше во близина. Имаше уплата и за кредитна картица, не сум сигурен, а тоа беше во Стопанска банка, на шалтер, а таму ме испрати Рашковски. Ми рече дека ако има проблем да се обратам на една особа од таму, бидејќи сум уплаќал на кредитна картица, а тоа не можело секој да го прави“.

Тој додаде дека Рашковски за уплатата го тешел дека се е супер и регуларно.

„Во еден моментот го имам известено Рашковски за тоа. Мислам дека беше и за едната од поголемите суми, за детето кога уплаќав, да не има проблем зошто стои моето име и презиме. Тој кажа да не се секирам, се е регуларно, се заблагодари односно рече: ‘Уживај, се е средено, фала’. Во ниту еден момент пред мене, некој од овде присутните во судската сала (обвинетите) не биле дадени средства, за да завршам услуга за Рашковски“, додаде Мухамед Халил.

На крајот од судењето, Рашковски сакаше да ја докажува блискоста меѓу него и Халил, бидејќи обезбедувачот кажа дека тие имале само професионален однос односно се гледале на блиц.

„Тој ми беше шофер на свадба“, кажа Рашковски, на што судијка кажа дека е неважно за судската постапка каде му се суди за тендери и хонорари.

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

Орце Костов

Осум години затвор за перење пари, местење тендери за Рашковски – Пресуда за „Софтвери“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Пресуда за случајот „Софтвери“ на 6 јули

Ана Ололовска

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“