ВИДЕО: Нов зелен сквер за граѓаните од Карпош 2

Од:

На аголот помеѓу булеварот Илинден и улицата Никола Тесла, до гимназијата „Орце Николов“, редизајнирана е зелената површина и целосно е уреден првиот сквер согласно со потребите на граѓаните за одмор, релаксација, дружење и сл.

dobivaj vesti na viber

Целиот простор е облагороден со различни видови листопадни и зимзелени садници. Во едниот дел од скверот е оформено детско катче со различни реквизити за игра, а во другиот дел се формирани патеки, поставени се клупи и маси, чешмичка за вода, паркинг за велосипеди и ново осветлување.

Покрај редизајнот на зелената површина на оваа локација годинава во тек е редизајн на уште 3 од овие локации, една кај поликлиниката „Идадија“ во општина Центар и две на булеварот Јане Сандански во Аеродром.

– Денеска сме на првата од 7-те локации коишто ги реализиравме заедно со УНДП за уредување на микро средини, процес којшто е инклузивен, процес во кој што се вклучени сите структури на граѓани што гравитираат кон јавниот простор што го уредивме. Овде имавме релативно запуштен тревник, а сега можете да видите дека е адаптиран и е едно пристојно место каде што имаме повеќе од 36 нови садници од 6 различни видови. Во процесот на уредување беа вклучени и локалните жители, станува збор за население со претежно мали дечиња, меѓутоа беа вклучени сите возрасни групи во анкетите и овој простор е всушност адаптиран преку Скопје Лаб и УНДП на потребите и желбите на граѓаните – рече Шилегов.

Инклузивноста во овој процес подразбираше директно вклучување на граѓаните не само во изборот на локациите, туку и во идентификување на нивните потреби на секоја од овие локации поединечно. Вклучени беа различни возрасни групи на граѓани во процесот преку користење квалитативни и квантитативни методи – онлајн прашалници, теренски интервјуа, опсервација, фотодокументација. Се идентификуваа потребите на граѓаните кои живеат на локациите, гравитираат или поминуваат низ нив.

Дополнително се мапираа дневните и ноќните активности и програма, однесувањето на луѓето и природата, физичката микро и макро околина, со цел подобро разбирање на постојниот социо-културен контекст.

Како резултат од процесот Скопје Лаб изработи 7 концепт дизајни за 7 различни локации, подоцна разработени во елаборати за изведба, кои се водилка за нивното понатамошно уредување од Градот Скопје и од општините.

На промоцијата на новиот зелен сквер во Карпош 2 присуствуваше и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.

Тој потсети и на другите маалски паркови кои локалната самоуправа ги направи оваа година.

– На крајот на годината секогаш ги сублимираме резултатите. А, мило ми е што и Општина Карпош ја следеше заложбата на Градот и оваа година самостојно уредивме и повеќе јавни површини. Направивме маалски парк во Карпош 1 (на ул. „Иван Аговски“), во Карпош 3 (во ООУ „Лазо Трповски“), меѓу зградите на „Московска“ и „Женевска“ во Тафталиџе, кај „воените“ кули во Долно Нерези, а во финална фаза е и уредувањето на „чаталот“ меѓу Жданец и Трнодол, посочи градоначалникот на Карпош.

Би можело да ве интересира

Карпош утрово без струја, граѓаните стравуваат дека почнале рестрикции

Маја Илиевска-Пачемска

Арсовска го именуваше Александар Трајановски од ГРОМ за заменик градоначалник

Катерина Павлова-Николовска

Хаос и драма во Град Скопје: Арсовска да се моли пред слика од Мицкоски, Славески исклучува микрофони, таа го нарекува „Талат“

Кристијан Ландов

Арсовска до вмровските советници: Хипокризија, ако шпицниот градоначалник вели ќе ја поддржите програмата, не подметнувајте

Кристијан Ландов

Арсовска постави нови директори на скопските јавни претпријатија

Катерина Павлова-Николовска

И директорот на Паркови и зеленило даде оставка: Политичкиот амбиент во Град Скопје нема да ми дозволи успешно да менаџирам со претпријатието

Ана Ололовска