Медијаторот на Обединетите Нации за спорот со името, Метју Нимиц во рамки на посетата во Скопје, засега оствари средба со претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев.
Согласно агендата, средбите продолжуваат во МНР, по што е предвидена официјална изјава за медиумите.
Во рамки на неговата посета, Нимиц ќе разговара и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.
Медијаторот вчера пристигна во посета на Скопје, откако претходно два дена престојуваше во Атина на средби со државниот врв.
Г.Н.Р.