(ВИДЕО) Николовски: Владините кошнички не даваат резултат, да се укине ДДВ за храна

Од:

Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати апел до Владата да го прифати предлогот на СДСМ, ДДВ за основните прехранбени производи, да се укине, односно да се намали од пет на нула отсто.

Владините политики со кошнички за наводно пониски цени на основните прехранбени производи, дожевеаја дебакл. Тоа и вие го признавте, иако вината се обидовте да ја префлите на трговците сакајќи да побегнете од одговорноста затоа што вие им го овозможивте тоа, да профитираат на грбот на народот. Наместо пониски цени, граѓаните сега пред новогодишните празници се соочија со повиски цени, нагласи Николовски, во прашањето упатено до заменик министерот за економија Марјан Ристески.

Николовски нагласи дека минималната кошничка само за храна покажа зголемување за 390 денари.

Цените за храна не биле намалени. Политиките за кошничка не дадоа резултат. Апелираме да се приофати предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ за храната, нека биде на предлог на владата но да се донсесе во интесес на граѓаните, истакна пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски