(ВИДЕО) Николовски: Ревизорот потврди-ВМРО-ДПМНЕ ништо нема направено за животот во селата

Од:

Криминалната власт цели 10 години мислеше само на своето лично богатење.

ВМРО-ДПМНЕ потроши 630 милиони евра за споменици во Скопје ама не направи ништо за подобрување на условите за живот во руралните средини.

Тоа го потврдува и Државниот завод за ревизија во последниот Извештај.

Замислете, во 2014 година МЗШВ не спровело ниту еден јавен повик за финансирање нови проекти за рурален развој, за развој на селата. Ниту еден!

Во текот на 2013, 2014 и 2015 година Меѓуресорското тело за рурален развој нема одржано ниту една седница. Повторувам, ниту една!

Ниту пак предвидените средства во програмите за рурален развој не се релизирани.

Од вкупните средства за подобрување на квалитетот на живот во руралните средини, во период од 2013-2015 просечно се издвојувале едвај 36%.

Проблемот е уште поголем ако се има во предвид дека најголем дел од средствата се однесуваат за пренесени обврски од претходен период.

Пример, во 2014 пренесените обврски изнесувале 95% а во 2015 година 64%, рече Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Според него, МЗШВ нема изработено ниту годишен извештај за спроведување на Националната програма за развој на земјоделството и руралниот развој и годишна програма за финансиска подршка за 2013 и 2014 година.

Нема ниту студии од истражувањата во риралните средини за потенцијалите за развој на овие подрачја.

Извештајот на државниот ревизор констатира дека МЗШВ не врши следење на мерките и нема изготвено индикатори за ефектите од мерките за подобрување на животот во руралните средини.

Накратко, државниот ревизор потврди дека со години ништо не е напрвено за подобрување на животот во руралните средини, во нашите села.

Младите се иселуваат од земјава како последица на погрешните, криминални политики на Никола Груевски. Затоа граѓаните не му веруваат и бараат одговорност.

Затоа на Македонија и се неопходни демократски промени. Руралните средини, селата се моторот за развој на цела Македонија.

По демократските промени доаѓа вистинска ревитализација на селата во Македонија.

Целосно спроведување на нова програма за рурален развој во интерес на граѓаните, ќе биде приоритет.

Законот за Рамномерен регионален развој ќе се почитува и ќе се одвојуваат најмалку 1% од БДП за развој на селата а не како досега само 0.020%.

Парите предвидени за развој на селата нема на крај на годината да завршуваат за споменици во Скопје туку вистински ќе се инвестираат во интерес на граѓаните и условите за живот во руралните средини, рече Николовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николова: Силјановска треба да се извини за навредите кон Пендаровски и Ковачевски

Горан Наумовски

СДСМ: Силјановска во матрицата на ДПМНЕ, ги навредува Пендаровски и Ковачевски и покажува нервоза

Горан Наумовски

СДСМ: Пендаровски и Ковачевски со план пред граѓаните, Силјановска и ДПМНЕ со навреди

(ВИДЕО) Ковачевски: Си ги знаеме грешките, пред граѓаните е изборот за европска иднина на државата

Каевски: ДПМНЕ го врати речникот од 27 април со нападите врз Пендаровски

СДСМ: ДПМНЕ го врати речникот од 27 април со нападите врз Пендаровски

Катерина Ѓуровски