„На оние кои ги бираме да ја водат државата им даваме голема одговорност. Замислете ситуација во која некому треба да му оставите клуч од вашиот дом. Истиот треба да се грижи за него додека вас ве нема. Ќе размислите два пати дали ќе му го оставите вашиот дом на некој одговорен, некој домаќин или на некаков расипикуќа.
11 години нашиот дом го оставивме на неодговорни луѓе. Оставија хаос. Мамеа со субвенциите, мамеа со државното земјоделското земјиште, оставија разочарани, уценувани земјоделци, без надеж за развој и просперитет.
Далеку од тоа дека СЕ сме завршиле или дека не можеме повеќе. Можеме уште повеќе и уште подобро со Истокот! Од најзапоставен регион сега е пример за цела држава. Се работи домаќински. Не се трошат неброени милиони на градби од стиропор и слични глупости. Пари имало во државата и ќе има. Работата е како ги трошиш. За кратко време луѓето видоа дека можело поинаку со граѓанските средства, а не само расипнички и без усул“, рече генералниот секретар на СДСМ и носител на листата во ИЕ 3, Љупчо Николовски.
„Во овие три години, овозможивме директна и индиректна поддршка во земјоделството во историски рекорден износ од над 430 милиони евра, а во наредниот период поддршката за земјоделците ќе биде 200 милиони евра годишно. Само во Источниот регион изминативе три години субвенционирани се над 3.617 земјоделци.
Нема веќе привилегирани земјоделци, нема веќе лажни земјоделци. Парите и поддршката стигнуваат во вистинските раце.
Мерката ЗЕЛЕНА НАФТА за земјоделска механизација е од голем бенефит за земјоделците, во моментов поддржуваме 50 проценти од зелената нафта, а до крајот на мандатот 2024 година ќе покриваме 100 отсто !
Младите земјоделци до 40 години добиваат поддршка од неповратни 20 илјади евра, а претходно над 400 млади земјоделци добија неповратни средства од 10.000 евра да го унапредат сопственото производство.
Ги раскинавме незаконски склучените договори и огласивме 10.623 хектари државно земјоделско земјиште. Склучени се нови 376 договори со вистински земјоделци кои ќе го обработуваат земјиштето.
Со последните законските измени обезбедуваме предфинансирање на корисниците на мерките од ИПАРД програмата, со што го олеснуваме пристапот до овие фондови.
Мислиме на иднината и затоа обезбедуваме стипендии за децата на регистрираните земјоделци кои ќе се насочат во оваа област, да градиме традиција, квалитет!
Ние сме Македонци. Треба да си го најдеме нашето место под европското сонце во големото друштво на ЕУ. Со членството во НАТО и преговорите со ЕУ си отворивме многу врати. Сега ни е шансата.
Затоа, развојот на земјоделството е наш врвен приоритет!
Дете сум на работничко семејство, знам што е да заработуваш со пот. И токму затоа знам дека на на чесните работници треба само да им овозможиш фер услови и чесен однос. За другото, сами ќе се погрижат“, изјави Љупчо Николовски.