(ВИДЕО) Николовски: На 15 јули одлучуваме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад

Од:

Уште пет дена не делат од 15 јули, денот кога конечно ќе расчистиме со остатоците на режимот на Никола Груевски. Во среда одлучувате дали ќе се оди напред или ќе се враќаме назад, тогаш носиме голема и важна одлука, одлучуваме за сопствената иднина, посочи на денешната прес-конференција во Штип генералниот секретар и носител на листата во ИЕ 3 на коалицијата на СДСМ, Љупчо Николовски.

Според Николовски, граѓаните треба да излезат на гласање и да донесат големата одлука за европска, безбедна иднина, за да не се дозволи да се прокоцка шансата што ја создавале во изминатите овие три години.

–Затоа е важно да се гласа. Дали ќе растат платите за сите или ќе се полнат џебовите на луѓето на Груевски? Дали ќе се заштитиме од Ковид или ќе оставиме неодговорни луѓе да донесат хаос, паника и закана за здравјето на сите.Дали ќе го исчистиме судството од корумпираните или Мицкоски ќе ги спасува Камчев и Груевски? Дали после НАТО влегуваме во ЕУ или ќе им дозволиме да го поништуваат Договорот од Преспа и да не носат во провалија, рече тој.

Посочи дека ја бараат поддршката, за нов чист мандат за да се продолжи напред уште побрзо, за конечно да станеме држава со вистински европски вредности, европски политики и европски стандард.

–Сите оние што на 15 јули ќе останат дома, даваат придонес и шанса на власт да се врати Груевски. Тоа не смееме да го дозволиме. Нашата држава, нашите граѓани нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт. Тоа ќе донесе хаос во државата. Замислете како ќе изгледаше справувањето со Ковид ако ДПМНЕ ја водеше владата. Погледнете што се случува низ земјите во регионот и Европа, рече тој.

На 15 јули вие одлучувате кој ќе ја води борбата со Ковид. Подготвени ли сте вашето здравје и здравјето на вашите најблиски да им го доверите на Мицкоски и неговите луѓе, рече Николовски.

–Се обврзуваме пред вас дека судскиот систем ќе биде првата работа која ќе биде реформирана во наредниот мандат. Како што покажавме одлучност и патриотизам во решавањето на отворените прашања и во внесувањето на земјата во НАТО, со истата одлучност, страст и сила ќе донесеме правда и владеење на правото за сите. Единствената шанса да ја завршиме работата до крај и да донесеме правда, е со нов мандат на Влада предводена од Зоран Заев, вели Николовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски