(ВИДЕО) Николоска: Пописот е важен за идниот развој на државата, бојкот на пописот е кривично дело

Од:

„По скоро 19 години државата спроведува попис согласно стандардите на Евростат и Обединетите нации.

Преку оваа најмасовна и најсложена операција кончено, ќе добиеме релевантни, сеопфатни податоци кои ќе ги дадат правците за креирање ефикасни јавни политики за развој.

Со податоците од пописот добиваме патокази за остварување на одржливи политики кои во себе носат економска, социјална и образовна димензија.

Сето ова е важно за идниот развој на нашата држава“, рече Фаница Николоска, пратеничка на СДСМ.

„Пописот е најважна државничка работа и затоа е особено важно сите граѓани да учествуваат во него. Со учество на пописот секој поединец придонесува кон градење држава базирана на податоци, а не на претпоставки.

Пописот е граѓанска обврска утврдена со закон. Учеството во пописот е задолжително и претставува одговорност на секој граѓанин кон државата.

Истовремено, тече процесот на попишување на нерезидентното население, односно на нашите иселеници во дијаспората.

Досега 137.111 македонски државјани во странство се самопопишале преку веб апликацијата, а процесот на самопопишшување ќе трае до 21 април.

За поздравување е тоа што се зголемува интересот за попишување во дијаспората и очекуваме дека ова темпо ќе продолжи и во следниот период.

Сите од нашата дијаспора, од сите краеви на светот, да се приклучат кон овој патриотски чин и да помогнат да добиеме јасна слика за нашите луѓе во странство.

Обидите за бојкот, за минирање на пописот не се само незаконски, тие се антидржавни.

Повиците за бојкот и одлагање на пописот што често ги слушаме од политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица се повици за пропаѓање на пописот. Тоа се антидржавни ставови кои не носат ништо добро, создаваат конфузија меѓу граѓаните и носат сериозна штета за државата. Бојкотот на пописот е кривично дело.

Крајно време е да покажеме зрелост, одговорност и да му се придружиме на светот. Да не бидеме црна дупка на статистичката мапа и по цели 19 години да спроведеме попис согласно сите меѓународни стандарди.

Секој од нас е повеќе од бројка, секој од нас треба да учествува во пописот“, изјави Фаница Николоска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар