ВИДЕО: Невреме во Охрид со пороен дожд, грмотивици, силен ветер

Од:

Силно невреме ги зафати Охрид, Струга и Дебрца. Пороен дожд и грмотевици, проследени со ветер повеќе од еден час има во охридско-струшкиот регион. Засега нема информации за предизвикани штети. Плажите целосно се испразнија, како и масите од угостителските објекти кои се поставени на отворено. Вакво време имаше и вчера, се очекува и наредните денови, со поинтензивни врнежи на дожд и појава на град.

Центарот за управување со кризи излезе со препораки и апел за наредните денови, за кога е најавено променливо облачно, врнежливо и посвежо време, претежно попладне наместа со пороен дожд и грмежи.

„Покрај потребата за превенција заради најавеното невреме со поројни дождови и ветар, до субјектите од системот за управување со кризи, ЦУК апелира и за лично граѓанско превентивно однесување за време и после невреме во одредени локални региони. Покрај препораката за градоначалниците и субјектите во Системот за управување со кризи за преземање превентивни мерки, неодминливо е да се апелира и до сите граѓани да не движат покрај речни корита и суводолици (за време и по локално невреме), заради можни брзи и ненадејни порои, да престојуваат и да се засолнуваат во простори што се на пониско ниво и може да бидат поплавени и секако, во случај на појава на грмежи и електрични празнења се препорачува поголема внимателност – да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја“, информираа од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници