Обидот да се организираат демонстрации денеска пропаднаа откако помала група воопшто не се обиде да тргне кон центарот на Скопје.
За денеска во еден часот на пладне неофицијално на социјалните мрежи се ширеше информација дека повторно ќе има протести. Улицата од Основниот суд преку Битпазар па се до Јаја Паша беше затворена за сообраќај а беше забележливо и засилено присуство на полиција.
Единици на специјалната полиција беа распоредени пред судот и во близина на трговскиот центар Маврока кои беа спремни да реагираат доколку настанат инциденти.
По молитвата во џамија помала група демонстранти не се упатија кон центарот туку пред трговскиот Чаирчанка превртија два контејнера и се упатија кон општинската зграда на Чаир, каде кратко се задржаа но по интервенција на полицијата групата се разбега.
Бојан Стојановски