ВИДЕО: Нервоза и високи тонови во СЈО, новинар од Сител бараше отчет за Катица Јанева

Од:

Најавата за првата акција „Титаник“ предизика напната атмосфеа и нервозни прашања кај дел од новинарите на прес конференцијата на СЈО.

Новинар од Сител постави прашање зошто специјалната јавна обвинителка Катица Јанева побарала стан од државата, иако наводно имала два нејзини стана, нагласувајќи дека СЈО има земено 4 милиони евра народни пари, велејќи дека во нормалните држави луѓе поднесувале оставки поради тоа, но според него, Македонија не била нормална држава.

– Обврската за отчет стои, не само на вас како медиумска куќа, туку ќе биде дадена и пред Собранието, и пред Советот на јавни обвинители. Ние имаме законска обврска за отчет која што завршува со истекот на шест месеци откако е формирано СЈО. Не верувам дека е проблем некој до 15 март да го почека отчетот и за целокупното финансиско работење кое што нема да може да го избегнеме и генерално за работата на СЈО, така што не гледам ништо спорно што во моментот кога некој смета дека нешто е предмет на интерес, а постојат многу други поважни теми, како темите за кои што денес тука зборувавме да го почека моментот кога ќе дојде време за одговор и на тие прашања. Не гледам ништо симптоматично што во овој момент токму на тоа конкретно прашање нема одговор, што не значи дека нема да биде даден тој одговор, рече обвинителката Ленче Ристоска.

Праша и зашто е прекршена пресумпцијата на невиност во однос на Едмонд Темелко?

– Бевте на прес конференција на која ниедно име не беше објавено, така што сите имиња кои што вие или некој друг ги објавува и ако крши некакви права тоа не е од наша страна и се оградуваме во однос на вашето вакво прашање, рече Ристоска.

Новинарите продолжија со распаравијата, велејќи дека ако граѓаните го избрале ова обвинителство, тие мораат да дадат одговор, на што овинителката кажа дека тие слободно можат да дојдат на брифинг и да добијат одговор.

– Не знам кој од медиумите постави такво прашање и беше даден одговор дека завршната финансиска сметка за ова обвинителство не беше изготвена во тој момент за тоа што рокот се уште трае. Мислам дека беше прашањето од дневник, од колешката Нешкова и колешката Нешкова имаше убаво објаснето во една колумна кога тече обврската за финансиски отчет, така што ќе ве молам друг пат коа поставувате прашања, со напаѓачки тон, ве молам да дојдете информирани за сите законски прописи за да немаме недоразбирања пред јавноста, рече Ристоска и нагласи дека отворена е предистражна постапка која иако за сите е подобро да заврши побрзо, не можат да ја форсираат, рече Ристоска.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов