ВИДЕО: Нема притвор за Јанакиески и Темелко

Од:

Во 3.30 рано утринава, судиите ги напишаа решенијата со кои ги ослободуваат од притвор осомничените во случајот „Титаник“.

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, го напушти судот, без да одговори на упорните новинарски прашања за тоа каква е одлуката на судот и за кривичните дела за кои се товари. На распит во Скопје од Ресен беше донесен градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, за кого исто судот наспроти специјалното обвинителство, смета дека не треба да му се одреди притвор.

Во судот вчера се појавија само четворица од осумтемина осомничени за кои се бараше притвор.Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и секретарот на Владата Кирил Божиновски заедно со уште двајца осомничени за кои се бара притвор не се појавија во текот на вчерашниот ден.

Обвинителката во СЈО, Фатиме Фетаи, вчера на прес конференција објави дека СЈО отворило истражна постапка за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при избори, уништување на изборни материјали и злоупотреба на средства за изборна кампања и побара притвор за 8 лица.

Министрите во 2012-та, за внатрешни работи, за транспорт и врски и секретарот на тогашната влада, заедно со други лица, рече Феатаи, го искористиле влијанието и на локално и државно ниво создале група, за вршење кривични дела, за да овозможат победа на одредена политичка партија на изборите.

Основно сомнение за оваа група е дека создала кривично дело против изборите, што рече, е основа за целиот криминал.

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески