На четворицата лидери на средбата попладнево им се приклучи и амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, во обид да помогне да се надмине статус кво ситуацијата на лидерската средба, а на која нема договор. Двете страни остануваат на своите позиции. Претходно уште во утринските часови заедно со Јоханес Хан на масата седнаа лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Никола Груевски, во обид да се најде излез од политичката криза во земјава.
На средбата подоцна се приклучија, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а потоа и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.