ВИДЕО: Неказнета остана журката во прилепски клуб, каде без маски и дистанца се пееше и пиеше

Од:

Забави во време на корона и рекорден број заразени за едно деноноќие се организираат и во Прилеп. Иако журките се забранети, организаторите за да привлечат посетители истите ги промовираат на социјалните мрежи, а потоа се објавуваат фотографии и од тоа како поминала забавата. Клубот „Калипсо“, вчера бил преполн, а забавата поминала со гужви, турканици, без маски, а ниту дистанца. Забавата била пријавена во Пазарниот инспекторат, но, додека да дојдат инспекторите, местото било испразнето. Од снимките по социјалните мрежи се гледа дека организаторот не внимавал ниту на бројноста на посетителите.

Директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски за „А1он“ вели дека запознаен за организираната забава во прилепски „Калипсо“ и потврди дека организаторите останале неказнети.

Сабота навечер 😍

Posted by CLUB CALYPSO on Сабота, 18 јули 2020

„Некој им дојавил дека е пријавено и ќе се постапува. Во секој град постапуваат инспектори од друг регион, па така, додека да дојдат инспекторите од Битола, клубот бил испразнет. Истата вечер е пријавено и за забава во струмичкиот клуб, како и за забава на базен во Виница. Контролите ќе продолжат и наредните денови. Не е дозволено организирање на забави. Може да има тивка музика која ќе свири од определено место. Но, правење на диско, каде ќе се собираат по 600 луѓе, да играат еден со друг, тоа не е дозволено“, вели Пауновски за „А1он“.

Пазарниот инспекторат не може да казнува врз база на фотографии на социјалните мрежи, бидејќи тоа не е во согласност со законот, туку мора да ја затекне забавата за да може да санкционира прекршувања. Директорот Пауновски вели дека досега има голем број на пријави поднесени од инспекторатот кој се прифатени од судовите, но и пријави по кои веднаш се постапувало од страна на судиите, по кои угостителските објекти биле казнети и со глоба од 2500 евра.

Неколку забави до сега се одржани и во Струмица, поради кои, во петокот му е поднесена кривична пријава на организаторот и сопственикот на клубот.

Би можело да ве интересира

Пецас: Карантинот во Грција продолжен до 7 декември

Ана Ололовска

Поради грешка, вакцината на АстраЗенека доведена во прашање

Ана Ололовска

Во Кина пронајден коронавирус во смрзнати производи

Ана Ололовска

Германски вирусолог предупредува на опасноста од нова пандемија

Ана Ололовска

Шведски принц и принцеза заразени со коронавирусот

Ана Ололовска

Марин: Се поголем број заразени со коронавирус во Финска

Ана Ололовска