ВИДЕО: Најголем одѕивот во Демир Хисар, Демир Капија, Новаци и Пробиштип, над 20 отсто од граѓаните гласале до 11 часот

Од:

До 11 часот одѕивот на гласачите на предвремените парламентарни избори е 11 проценти, соопшти претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски. На 3134 избирачки места од вкупно 3480 до 11 часот гласале 199.495 граѓани.

Најголем одѕив има во Демир Хисар каде што до 11 часот гласале 21,33 отсто од гласачите, во Пробиштип каде што излегле 20,69 отсто од граѓаните, во Демир Капија каде до 11 часот гласале 20,77 отсто од граѓаните и Новаци со 20,52 отсто.

„Во Изборната единица  (ИЕ) 1 висок одѕив има во Аеродром, над 17,6 отсто од граѓаните гласале до 11 часот, висок е одѕивот и во Карпош 17, 07 отсто, Кисела Вода 16, 81отсто. Од ИЕ 2 висок одѕив има во Бутел 14,76 отсто. Во ИЕ 3 висок одѕив има во Градско 19,03 отсто, Крива Паланка 17 отсто, Лозово 17.03 отсто, Пробиштип има 20.69 отсто , што е навистина одлично. Во ИЕ 4 висок одѕив има во Дојран 17,83 отсто, Демир Kапија 20,77 отсто, Новаци 20,52 отсто, Прилеп 16 , 55 отсто до 11 часот. Од ИЕ 5 во Битола одѕивот е 16.91 отсто, во Демир Хисар 21,33 отсто и во Охрид 13,16 отсто. Во ИЕ – 6 одѕивот во Тетово е 8,13 отсто“, соопшти претседателот Деркоски.

Во ИЕ 1 одѕивот бил 13, 7 отсто, во ИЕ 2 е 9,64 отсто, во ИЕ 3 одѕивот до 11:00 часот бил 13,08 отсто, во ИЕ 4 одѕивот на гласачите бил 13,46 отсто, во ИЕ 5 одѕивот бил 10,55, и во ИЕ 6 одѕивот бил 6,04 отсто.

Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат еден милион 814 илјади и 613 гласачи во шест изборни единици.

Претседателот Деркоски рече дека гласањето се одвива без проблеми и ги предупреди членовите на избирачките одбори да ги почитуваат процедурите и правилата како и досега за изборниот ден да помине како што треба.

Би можело да ве интересира

ДИК: Од преброени 89,98 отсто од избирачките места, Силјановска Давкова има 324. 177 гласа, Пендаровски 161. 393

Сиљановска води со над 100.000 гласови пред Пендаровски во обработени 2.575 избирачки места

Сиљановска со двојно повеќе гласови од Пендаровски во 1.650 обработени избирачки места

Александар Тодески

(ВИДЕО) ДИК: Одѕивот до 18.30 часот е 48,46 проценти

Орце Костов

ДИК: Одѕивот до 18 часот е 47,61 отсто

(ВИДЕО) Одѕивот на изборите до 17 часот е 44,18 отсто

Горан Наумовски