Немам намера да платам, немам намера да служам било каков општо-корисен труд, можеби ќе ме аболицира претседателот на државата, рече универзитетската професорка Мирјана Најчевска по излегувањето на нејзиниот адвокат од полициската станица Беко.
– Криминалци се фатени на дело во вршење на многу големи криминални дејствија. Високи функционери од Власта краделе, лажеле, мамеле, убивале. Ние ги фативме на дело, поради тоа тие се обидуваат да ги корумпираат сите правосудни органи, полицијата, Јавното обвинителство, Судовите. Се обидуваат да ги заплашат граѓаните, се обидуваат да ги запрат граѓаните во барањето одговорност за секој оној кој направил криминално дело, рече Најчевска.
Таа истакна дека ќе испрати писмо до Министерството за култура со кое ќе бара да и се признае авторство за секое боење на проектот „Скопје 2014“.
– Не ме прашаа кога го правеа и ова е мој акт на разубавување на просторот во кој што живеам, рече Најчевска.
Казната за професорката Најчевска е 50 евра, исто како и за директорката на Хелсиншкиот комитет и универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.
Александар Тодески