(ВИДЕО) Нацев: Заев шест години си поигрува со семејствата на убиените кај Смилковско Езеро

Од:

Oсудените Алил Демири и Африм Исмаиловиќ имаат доживотни казни за грозоморната ликвидација на петте момчиња кај Смилковско Езеро, а власта не презема ништо за да ги обезбеди и спроведе на издржување на казната за случајот „Монструм“, рече денеска на прес-конференција Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да ургира кај косовските власти да ги испорачаат, Зоран Заев не запира со морбидната кампања во врска со свирепото убиство кај Смилковско Езеро. Заев 6 години си поигрува со семејствата на убиените. Заев го искористи случајот во морбидна кампања и ја лажеше јавноста велејќи дека сè што поседува како прислушкуван материјал за случајот ќе објави“, истакна Нацев.

Додаде дека две години подоцна Заев и натаму ја нема обелоденето вистината, која тврдел дека ја знае.

„Поминаа две долги години со манипулација и морбидна кампања. Заев и криминалниот картел што го води го искористија овој случај за добивање политички поени, ветувајќи дека ќе ја кажат вистината. Си поиграа со судбината на семејствата на убиените и со чувствата на граѓаните. Криминогениот Заев вчера од собраниска говорница рече дека доколку имал конкретни докази тоа и ќе го објавел“, посочи претставникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Нацев рече дека Заев преземал обврска со Тиранската платформа убијците од случајот Смилковско Езеро да бидат ослободени.

„Зоран Заев и криминалниот картел што го води со години ги манипулираа родителите на убиените, но и целата јавност. Од родителите слушавме како Заев им давал транскрипти од разговори помеѓу Невзет Бејта и Фејзи Азири, но и како ги уверувал дека петте броеви со кои комуницирале убијците на денот на убиството, а се заведени како државна тајна се на функционери на ДУИ. Сега Заев ретерира. Лаже и манипулира. Наместо вистината која тврдеше дека ја знае, вчера кажа дека ништо не знае и дека нема докази за тоа што го зборувал“, беше посочено на денешниот прес во седиштето на опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници