Американскиот амбасадор, Џес Бејли и амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав, први пристигнаа на третата лидерска средба што денес ќе се одржи во Клубот на пратеници. Неколку минути по нив пристигна и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Се очекува наскоро да се појават и претседателите на останатите три партии во Македонија.
Најавено е дека на оваа средба Заев и Груевски ќе ги информираат лидерите на двете најголеми албански партии за содржината на разговорите кои се водеа во Стразбур, а кои траеа десет часа.
Маја Васева