ВИДЕО: На Деве Баир запленети 14 килограми хашиш, приведен албански државјанин

Од:

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, во координација со ОВР Струга, Регионалниот центар за гранични работи Исток и Царинската управа, вчера пресекоа меѓународен канал за транспорт на хашиш од Албанија преку Северна Македонија и Бугарија, со крајна дестинација Турција, при што се запленети околу 14 килограми хашиш и пакувања хашиш смола и хашиш масло, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

– По претходно преземени мерки, во 12.45 часот на граничниот премин Деве Баир (на излез од Република Северна Македонија) извршен е претрес на возило БМВ, управувано од албанскиот државјани Х.Х. (60), при што во два бункера биле пронајдени пакувањата со хашиш. Х.Х. е лишен од слобода и во текот на денот ќе биде предаден на надлежното обвинителство со соодветна кривична пријава, рече Ангеловски.

– Завчера беше запленет над половина тон марихуана, а акциите продолжуваат и во наредениот период, вели Ангеловски.

Би можело да ве интересира

Метален профил усмрти градежен работник од Велес

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Тешка сообраќајка кај Кучевиште: еден загинат, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски

Прегазено четиригодишно дете во Скопје

Катерина Ѓуровски

Пијан маж ја нападнал малолетната девојка со која живеел

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за сопственик на сместувачки капацитет во Делчево, во кој при пожар на 1 јануари имало 30 гости

Катерина Ѓуровски