ВИДЕО: На „Деве Баир” запленети 13,5 килограми хероин

Од:

Полицијата заплени 13,5 килограми хероин на влезот во Македонија од Бугарија на граничниот премин „Деве Баир“ – Крива Паланка, вреден повеќе од 1.000.000 евра.

Дрогата била пронајдена под тапацирите од возачкото и совозачкото место во автомобил „Волво“ со тетовски регистерски таблици, со којшто управувал педесет и четиригодишен тетовец.

Хероинот бил спакуван во три специјално изработени фолии за да се избегне неговото пронаоѓање при рентген контролата на граничниот премин.

Тетовецот дрогата ја презел од Турчин и требало да ја транспортира во Македонија, каде турскиот државјанин требало да ја прифати и да ја транспортира до западноевропските земји, кои биле крајна дестинација.

Инаку, тетовецот и претходно се занимавал со дрога. Во 1999 година во Италија издржувал казна затвор во траење од пет години за недозволена трговија на седум килограми хероин.

Тетовецот во текот на денешниот ден ќе биде предаден на Истражен судија и ќе му биде поднесена кривична пријава за -“неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Опсежна полициска операција во Струмичко, се претресуваат „легални“ производители на канабис

Горан Наумовски

„Нова ера“ на затворскиот криминал: Специјализирани банди со дронови доставуваат дрога и оружје

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?