(ВИДЕО) МВР за акцијата во Вевчани: Не се почитуваа мерките, иако беше договорено

Од:

Полицајците интервенирале во Вевчани бидејќи не се почитувале мерките за заштита од коронавирусот и забраната за групирање на повеќе од четири лица, велат од Министерството за внатрешни работи по акцијата на карневалот.

Од МВР сметаат дека со прекршувањето на овие мерки, се загрозува здравјето на граѓаните во услови на глобалната пандемија. Неофицијално, уапсените се повеќе лица, за што говорат и видеата на социјалните мрежи.

„Имено, и покрај претходно постигнатиот договор на три одржани состаноци со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација да се почитуваат мерките и да нема групирање, денеска поголема група на граѓани се собра во Вевчани, без почитување на мерките односно со недозволено групирање поради што мораше да интервенира полицијата. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци. Апелираме до сите граѓани заеднички да придонесеме за спречување на коронавирусот односно за зачувување на здравјето како на жителите на Вевчани, така и на сите граѓани“, велат од МВР.

Полицијата интервенираше попладнево, а Вевчанскиот карневал беше растурен. Граѓаните кои дојдоа да го следат карневалот, но и жителите, полицијата ја докчекаа со пцовки, исвриркување, карање, но и провокации. Полицијата во Вевчани дојде со неколку комбиња.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ