МВР целосно ги демантира тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека полицијата не била присутна и не реагирала при инцидентот кај споменикот Скендербег.
– Напротив, полицијата беше на лице место, во истиот момент реагираше и го спречи насилството, а едно лице веднаш беше приведено кое е осомничено за пукање од огнено оружје. За време на протестите полицијата е целосно на ниво на задачата и апелираме партиите да престанат со дезинформации, велат од МВР.
Во видеото во прилог точно се гледа колку брзо повеќе од десет припадници на полицијата реагираат и спречуваат поголем инцидент, се додава во соопштението на МВР.