(ВИДЕО) Муковски: Наша работа е зошто не гласавме

Од:

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ испуштија да гласаат за точката сослушување на Сашо Мијалков на денешната седница на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето и воопшто не се изјаснија.

Тие претходно побараа точката да се повлече од дневен ред и наместо да сослушува сведок, Анкетна комисија на денешната седница да се занимава со други прашања.

Откако претседателот, Петре Шилегов, го затвори гласањето и констатира дека точката не е изгласана, пратениците од владејачката партија се побунија дека не им било овозможено да се произнесат. Горан Мисовски од НСДП, ги праша овие пратеници зошто не гласале.

-А бе наша работа зошто не гласавме – му одговори Крсто Муковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците од СДСМ гласаа Анкетна денеска да утврди сослушување на сведокот Сашо Мијалков за дневен ред, а независната пратеничка Роза Топузова Каревска беше воздржана.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Мизрахи бара продолжување на работата на Анкетната за Онкологија

A1on

Сали побарал оставка од директорот Васев: Поранешниот министер сведочеше пред Анкетната за „Онкологија“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шилегов: Поради бојкотот и блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, Анкетната не функционира

Емир Латифовиќ

Собранието ја продолжи расправата за анкетна комисија за фалсификување лични карти

Емир Латифовиќ

Продолжува расправата за Анкетната за фалсификувањето лични карти

Емир Латифовиќ

Ќе се формира Анкетна за фабриката за лични карти, СДСМ не предложи членови

Ана Ололовска