(ВИДЕО) Митрески: СДСМ има предлог заклучоци за заштита на јазичните, идентитетски, културни и историски посебности на македонскиот народ

Од:

„Денес зборуваме за заклучоци коишто би се донеле евентуално после информацијата што ќе ја достави Владата до Собранието по која ние ќе разговараме. Не станува збор за промена на европскиот предлог, туку зборуваме за заклучоци кои ние како Собрание ќе ги донесеме за да ја задолжиме и обврземе Владата како да се однесува во следниот период. Јас денес очекувам одговорност од сите партии и пратенички групи бидејќи станува збор за сериозен процес во државата, бидејќи се работи за иднината на државата и нивните граѓани. Во таа насока ние ќе дадеме наши предлог заклучоци коишто ќе се однесуваат на нашите стратешки определби за членството во ЕУ со исклучување на билатералните -историски и образовни прашања. Ќе дадеме предлози и заклучоци коишто ќе значат безусловно почитување на определбата за посебните историски, јазични и културни посебности на македонскиот народ. Се ова ќе биде денеска на масата пред нас и очекувам дека сите конструктивно ќе делуваме, затоа што станува за сериозен период“, одговори Јован Митрески, координатор на ПГ на СДСМ на новинарско прашање.

„Ние до сите пратенички групи што денеска учествуваат, доставивме наши предлог заклучоци да ги разгледаат и ќе разговараме а потоа врз основ на тие наши предлози ќе ги разгледаме за тоа кои од нив може да бидат ставени како заклучоци на Седницата што ќе се одржи во Собранието“, додаде Митрески.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!