(ВИДЕО) Митева: Ковачевски да не ги држи во тајност одговорите за пакетот 5+1 кои се доставени до Бугарија

Од:

„Кариеристот Димитров конечно призна дека Македонија преку него и Заев премногу и ветила на Бугарија со надеж дека ќе го реши спорот. Иако на излезот од неговата кариера реши да замине со обвинувања кон неговите довчерашни соработници тој по ништо не се разликува од Заев и Османи. Димитров заедно со Османи ќе останат запаметени како најнеспособните шефови на македонската дипломатија. Тие се пријатели по функција, непријатели кога таа не ги спојува“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека Димитров обвинува за предавство, Ковачевски мудро молчи за тоа кои одговори Македонија ги дала на пакетот 5+1 кој е испратен од Софија како предуслов за поддршка за преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција. Патем оваа делегитимирана влада на СДСМ чека став од страна на Бугарија по однос на овие одговори. Иако, никој не е запознаен за што преговарале Заев, Димитров и Османи. Дали македонската јавност повторно ќе биде изманипулирана и зад декларативна заложба дека ќе се почитува Резолуцијата, Ковачевски по стапките на својот ментор Заев ќе ги подрива македонските позиции?

Додека СДСМ звучи какофонично и дава различни изјави во однос на спорот со Бугарија, Османи континуирано се раководи од предлозите на другите земји членки и секој добиен предлог нему му се чини како нова шанса за брзо решение без притоа да се заземе јасен став околу најкомплексното прашање за македонскиот идентитет.

На состанок во Бугарија на советот за национална безбедност за прашањето кон Македонија се донесе јасен и конкретен став, додека во Македонија се држат во тајност одговорите за пакетот 5 + 1 кои се доставени до Бугарија на самитот на НАТО во Рига уште пред два месеци.

Ковачевски е должен да и одговори на јавноста кои одговори се дадени и истите детално да ги образложи пред целата македонска јавност“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски