(ВИДЕО) Мирослав Вуиќ: Очекувам премиерот Груевски утре да се појави на суд

Од:

Утре продолжува судскиот процес во кој премиерот Груевски го тужи лидерот на СДСМ Зоран Заев за наводите изнесени на прес конференција, а кои се однесуваат на аудио снимката за која тврди дека Груевски преку посредник договара продажба на „Македонска банка“.

На денешното рочиште сведочеше Јовица Стефановски – Нини, кој иако беше предложен од страна на лидерот на СДСМ, сепак тој сведочеше во корист на премиерот Груевски, негирајќи дека воопшто не ги познава Груевски, Заев и Ден Дончев.

Иако адвокатите на Зоран Заев побараа судот да ја повлече одлуката за појавување на газда Нини како сведок, бидејќи без аудио снимката и Ден Дончев неговата изјава ќе биде беспредметна, сепак, судот реши тој да даде исказ.

Адвокатот на Заев, Мирослав Вуиќ изјави дека за прв пат во македонското судство се забранува некому да располага со свои докази, а при тоа да се обвинети и за злоупотреба на процесното право.

– Доколку пред судот излезеше како доказ Ден Дончев, тогаш евентуално ќе можеше Јовица Стефановски – Нини да спори со него. Ние никаде не тврдиме дека Јовица Стефановски договарал со премиерот Груевски давање на поткуп. Тоа лице за кое тврдиме дека давало – не сакаат да го изведат како доказ – изјави Вуиќ.

Тој додаде дека и покрај повредата на ногата, сепак, очекува премиерот Груевски да се појави во судница.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен