(ВИДЕО) МИОА: Започнат е консултативниот процес за измени на регулативата за вработените во јавниот сектор

Од:

Министерството за информатичко општество и администрација организираше работилница, со цел започнување на консултативниот процес за измени на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници.

Како што истакна, државниот секретар на МИОА, Јахи Јахија, на оваа работилница, институциите кои се опфатени со Законот за вработените во јавниот сектор имаа можност да ги претстават ставовите и предлозите во однос на прашањата кои во текот на изминатиот период на имплементација предизвикаа различни гледишта и толкувања.

Тоа се прашањата за опфатот на институциите од јавниот сектор, класификацијата на вработените, нивните права и должности, Каталогот на работни места, актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, Регистарот на вработените, изготвувањето на годишните планови за вработување, видовите на вработувања како и мобилноста во јавниот сектор. Очекувањата од оваа работилница се отворено да се дебатира за сите отворени прашања што ги засегаат институциите опфатени со Законот за вработените во јавниот сектор. Од заклучоците ќе произлезат препораките за измени на овие два закони.

Ова е втора работилница од овој тип, во организација на МИОА. Врз основа на претходните дискусии беа идентификувани клучните проблеми во имплементацијата на законите и беа предложени решенија за нивно надминување.

Министерството и во периодот што следува останува отворено за сите предлози насочени кон унапредување на регулативата што ќе овозможи понатамошен развој на јавната служба и управувањето со човечките ресурси во јавниот сектор.

Работилницата се одржува со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како традиционален партнер на министерството во бројни активности поврзани со реформата на јавната администрација во Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он