ВИДЕО: МИОА отвори алатка за пријавување притисоци за време на изборната кампања

Од:

Вработените во јавната администрација од денеска ќе можат да пријават евентуален притисок на работното место за време на претстојната кампања за претседателските избори на алатката што ја објави Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Пријавувањето ќе биде анонимно, но доколку некој сака може да ги остави личните податоци, кои ќе бидат заштитени согласно Законот за заштита на лични податоци.

Ова денеска го најави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој порача дека нема да има притисоци, уцени и злоупотреби на вработените во јавната администрација и додаде дека Владата посветено работи на реформирањето на администрацијата, која, како што рече, ќе биде професионална и во служба на граѓаните.

-Алатката има цел да послужи како заштита на вработените во јавната администрација во случај на притисоци. Тие ќе можат на едно место да пријават злоупотреби и притисоци. МИОА ова го правеше и за време на кампањата за референдумот, рече Манчевски и додаде дека сите пристигнати пријави ќе бидат проследени до надлежните органи за натамошно постапување.

Додаде дека ова е еден од механизмите кои МИОА ги презема за целосна професионализација на јавната администрација и додаде оти исто така се финализира и законот за висока раководна служба, во кој се одредени високи критериуми и стандарди за носителите на високите позиции.

На прашањето дали во владината коалиција се усогласени ставовите за замениците-директори во установите и јавните претпријатија, Манчевски одговори дека новиот закон не предвидува заменици, дека тој веќе 20 дена е на ЕНЕР и оти за него треба да има една поширока дебата со цел да се донесе најдоброто можно решение. Најави јавна расправа во Собранието, но и јавна расправа со експерти следните два месеци со цел на еден потранспарентен начин да се затворат сите отворени прашања во врска со ова законско решение.

Манчевски додаде дека доколку во текот на расправата се укаже дека постои реална потреба замениците-директори да останат во институциите и јавните претпријатија, тогаш постои ова решение да биде содржано во законот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он