Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, изјави дека е задоволен што премиерот, Никола Груевски, одвоил време да одговори на прашањата на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето. Во изјавата дадена по завршеното сведочење на Груевски, Милошоски не дозволи новинарски прашања.
-Многу прашања поставени и многу одговори добиени. Најголем дел од одговорите беа утврдување на факти поврзани со скандалот околу прислушувањето. Имаше и други теми пресудни за јавноста. Во затворена седница не е законски ниту коректно да даваме подробни информации. Задоволни сме што претседателот на Владата имаше време да даде одговор на сите поставени прашања на членовите на Анкетната комисија и се надевам истите ќе ни послужат за изготвување на извештајот кој треба да биде готов до крајот на јануари – изјави тој.
Маја Васева