(ВИДЕО) Милошоски: Премиерот си стои на зборот, Шилегов: Како што си остана на збор дека нема да има техничка влада

Од:

Препукувањата меѓу пратениците од власта и опозицијата на денешната седница на Анкетна комисија навлегоа и во одбрана на партиските лидери. Додека се чекашеда влезе во салаата првиот сведок на Анкетна, премиерот, Никола Груевски, претседателот, Петре Шилегов, и пратеникот, Антонио Милошоски, разменија неколку поенти.

Според Милошоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ си стои на зборот и ќе присуствува на седницата кога веќе го изјавил тоа.

-За разлика од некои политичари кои не остануваат на нивните изјави и ги менуваат на неколку месеци, претседателот останува на своите изјави и треба да бидат почитувани – рече Милошоски.

Шилегов потсети на изјавите на Груевски каде тврдеше дека никогаш нема да прифати техничка влада.

-Веќе сме слушнале изјави во форма дека нема политичка криза, дека нема да има техничка влада, дека нема да има предвремени избори, дека техничка влада ќе има, ама без ВМРО-ДПМНЕ. Сме слушнале и изјави дека странски служби прислушувале, се уште неотповикани изјави – рече Шилегов.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Мизрахи бара продолжување на работата на Анкетната за Онкологија

A1on

Сали побарал оставка од директорот Васев: Поранешниот министер сведочеше пред Анкетната за „Онкологија“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шилегов: Поради бојкотот и блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, Анкетната не функционира

Емир Латифовиќ

Собранието ја продолжи расправата за анкетна комисија за фалсификување лични карти

Емир Латифовиќ

Продолжува расправата за Анкетната за фалсификувањето лични карти

Емир Латифовиќ

Ќе се формира Анкетна за фабриката за лични карти, СДСМ не предложи членови

Ана Ололовска