ВИДЕО: Милошоски избега, не сака да ги погледне документите за кои вика дека се лажни

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, по излегувањето од судот избега и не сакаше да одговори за каква кражба и какво фалсификување е осуден во Германија, односно да демантира дека документите не се точни. „А1он“ ги носеше документите од Германија и од судот во Тетотво и сакаше лично Милошоски да ги прочита и да укаже што во нив е неточно или манипулација, но наместо тоа тој избега.

Како и претходно, и сега не ги искоментира и документите кои ги објави „А1он“, според кои, тој бил осуден пред да стане пратеник, па министер за надворешни работи. Милошоски наместо конкретен одговор, повторно ја префрли темата од себе на Зоран Заев.

„Манипулациите на аболицираниот криминалец Зоран Заев мислам дека се видоа во случајот ‘Монструм’. Не би имал друг коментар освен дека Заев очајно бара да манипулира бидејќи е аболициран криминалец“, рече Милошоски без да одговори за каква кражба и фалсификување е осуден во Германија.

Милошоски и покрај неколкуте обиди не одговори дали објавената казнена евиденција е точна, а со која се потврдува дека тој е осудуван. Неговиот адвокат кој го придружуваше на судењето за „Монструм“ го штитеше за да не му се поставуваат дополнителни прашања.

„Господинот Заев како аболициран криминалец. Ви благодарам многу, поздравете го аболицираниот криминалец Зоран Заев“, кажа Милошоски прашан дали евиденцијата од казнената евиденција издадена од тетовскиот суд е точна, а со тоа сакајќи да му даде политчко партиски контекст на целиот случај.

И неговиот адвокат немаше што да каже на листата од казнена евиденција во која се заеведени двете кривични дела за кои Милошоски платил парична казна.

Претходно, Милошоски не одговори ниту на поканата за видео-интервју со цел да направи увид во документите кои ја докажуваат неговата осудуваност, а која тој ја негираше. Тој не одговараше ниту на телефонските повици за да каже дали и натаму стои на ставот дека не е осудуван, како што тврдеше на почетокот кога го контактиравме.

И покрај негирањата, дури и документите кои ги поседува „А1он“ на германски јазик, покажуваат дека Основниот суд во Ахен донел пресуда за кривично дело за пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Автентичноста на двата документи ја докажуваат личните податоци кои се внесени, а се совпаѓаат со оние на Милошоски. Меѓу другото, внесени се името, презимето, датумот и местото на раѓање, матичниот број, но и заверката со потпис и печат.

Пред тоа, „А1он“ објави дека тој бил осудуван во два наврати во Германија. Милошоски негираше, но потврди дека во периодот впишан во документите, престојувал во Германија.

Би можело да ве интересира

Османи: Дел од фабрика на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ е дека постои документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите документи

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

СДСМ: Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки

Милошоски: 650.000 граѓани се затворени во Република Македонија

Горан Наумовски

Милошоски: Раштимана делегација во Минхен, двоглавото претставување е за потсмев

Милошоски: Пендаровски ја релативизира позицијата во која не донесе Владата

Катерина Ѓуровски