Милошоски молчи по документот кој покажува дека е осуден, ВМРО-ДПМНЕ нема што да додаде

Од:

Два дена молк од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, откако „А1он“ ги објави документите кои покажуваат дека е осуден во Германија за две кривични дела. Пратеникот не одговори на поканата за видео-интервју, иако е поканет да направи увид во документите и да објасни за каков фалсификат е осуден во Германија. Тој не одговара ниту на телефонските повици за да каже дали и натаму стои на ставот дека не е осудуван, како што тврдеше на почетокот кога го контактиравме.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, немаат што да кажат во врска, со како што велат, наводниот случај. Од партијата не дадоа конкретен одговор дали Извршниот комитет стои зад Милошоски откако со документите беа побиени неговите ставови, но и, кој е ставот на претседателот Христијан Мицкоски во врска со кривичните дела кои ги сторил пратеникот.

„Членот на ИК и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Антонијо Милошоски, во два наврати даде јасен и концизен став во врска со наведениот наводен случај, ставови кои воедно беа проследени и како партиски соопштенија, така што не би имале што повеќе да додадеме“, велат кратко од ВМРО-ДПМНЕ за „А1он“.

Пратеникот Милошоски не го коментира случајот кој го обелодени „А1он“ откако беше објавена листата од казнената евиденција издадена од Основниот суд во Тетово. Од неа се гледа дека тој во 2004 година бил осуден за кривично дело фалсификување на исправи, а во 2005 година за кривично дело кражба. Една година потоа, Милошоски беше назначен за министер за надворешни работи.

И покрај негирањата, дури и документите кои ги поседува „А1он“ на германски јазик, покажуваат дека Основниот суд во Ахен донел пресуда за кривично дело за пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Автентичноста на двата документи ја докажуваат личните податоци кои се внесени, а се совпаѓаат со оние на Милошоски. Меѓу другото, внесени се името, презимето, датумот и местото на раѓање, матичниот број, но и заверката со потпис и печат.

Инаку, пред да биде објавена листата од казнената евиденција, Милошоски велеше дека е дезинформација веста дека е осуден за фалсификување на исправа во Германија.

Пред тоа, „А1он“ објави дека тој бил осудуван во два наврати во Германија. Милошоски негираше, но потврди дека во периодот впишан во документите, престојувал во Германија.

Би можело да ве интересира

Османи: Дел од фабрика на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ е дека постои документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите документи

СДСМ: Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки

Милошоски: Раштимана делегација во Минхен, двоглавото претставување е за потсмев

Милошоски: Владата се брза да протне уште стотина свои обвинители и судии, бидејќи знае дека е во заминување

Милошоски: Пендаровски ја релативизира позицијата во која не донесе Владата

Катерина Ѓуровски

Милошоски до Јовески: Како може ДЗР во март да ви достави извештај за Онкологија, а вие до ден денешен да немате истрага?