(ВИДЕО) Милков: Најважниот чекор за заштита на правата на Бугарите во Македонија е вклучувањето во Уставот

Од:

„Сакаме во Северна Македонија да бидат заштитени правата на Бугарите. Ние се стремиме кон таква деескалација, која ќе доведе до подобра заштита на правата на Бугарите. Очекуваме практични чекори. Најважниот практичен чекор, секако, е вклучувањето на Бугарите во Уставот“. Ова го изјави во интервју за БТВ бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, за заладените односи со Македонија.

Шефот на дипломатијата одговори и на македонскиот претседател Стево Пендаровски кој рече дека случајот со насилството во Охрид го политизираат одредени политички субјекти во Бугарија.

„Прашањето за почитување на правата на луѓето со бугарска самосвест, како и на бугарските граѓани кои живеат во Република Северна Македонија и политичко прашање. Тоа е содржано во различни документи. Тоа е вградено во Декларацијата на Националното собрание од октомври 2019 година и не сме должни да реагираме соодветно“, рече Милков.

Според него, односите со Северна Македонија во Бугарија многу поретко се прашање на внатрешна политика отколку во самата Северна Македонија, а во случајот со нападот на Пендиков, несомнено станува збор за злосторство од омраза.

„Во првите часови по инцидентот имам чувство дека имало одреден притисок и веднаш морал да признае дека се работи за злосторство од омраза. Самиот обвинител рече дека бил нападнат конкретно како Бугарин и затоа што е Бугарин, што несомнено е злосторство од омраза. Во оваа смисла, мислам дека беа и изјавите на Бујар Османи, кој дојде во посета на Софија и му благодарам на мојот колега министер за овој гест“, рече Милков.

Нагласи дека нападите против Пендиков продолжиле и откако бил пренесен на во Софија – телефонски добивал навреди и закани. Поради заканите, во оваа фаза, Христијан Пендиков, кој е секретар на бугарскиот клуб во Охрид, нема да се врати во Македонија, туку ќе остане во Бугарија, рече тој.

Би можело да ве интересира

Со распит на сведоци продолжи судењето за нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб од Охрид

Горан Наумовски

Желјасков: Веруваме дека ќе ги донесете уставните измени и уште оваа година ќе се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ

Првпат во суд се појави и второбовиниетиот за случајот „Пендиков“, рочиштето одложено

Состанок на експертските работни групи на МНР на Македонија и на Бугарија

Рочиштето за тепањето на Пендиков одложено поради штрајкот на судската администрација

А1он

Илија Спасески има воспаление на вените, Судот одби да му го врати пасошот за да се лекува во странство

A1on