(ВИДЕО) Милевски: После сите тие мили зборови во интерес на жените, продолжија навредите кон Јанева

Од:

После сите тие мили зборови за интерес на жените, се продолжи со навредите кон Катица Јанева која што три дена ги трпи во Собранието, рече пратеникот и лидер на Либерално-демократската партија, Горан Милевски.

– Само да кажам што се денеска и кажаа: Лажете, неспособна сте, распашана сте, ништо не работите, закани доби дека треба да води сметка кога ќе и заврши мандатот каде ќе се врати, си играте мајтап, статистичка грешка сте. Продолжете со овој речник да ги штитите жените во Република Македонија. Ниту сакам да изигрувам адвокат, ниту опозицијата некого брани, Катица Јанева докажа колку е способна сама да се брани во овие три дена. Сакам да ви кажам дека ЛДП ви дава целосна поддршка, рече Милевски.

Тој рече дека барем половина од пратениците ќе останат и во наредниот мандат и дека тогаш ќе треба да гласаат да се продолжи мандатот на Катица Јанева и на Специјалното јавно обвинителство.

– Од нас поддршката ја имате за продолжување на мандатот, бидете убедена и дека ќе ја имате и од ВМРО-ДПМНЕ, но како тоа ќе го објаснат оставаме на нив. Овде се изнаслушав за пресумпција на невиност, а тоа го слушнав од устата на луѓето кои што 10 години уста не отворија кога се апсеше Љубе Бошкоски со пиштол во устата, тогаш не се сетија дека Бошкоски има жена и деца и дека тоа се гледа на телевизија, рече Милевски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Попов: Мадинската невработеност, е една од главните причини поради кои младите ја напуштаат државата и подоцна формираат семејства

Власта е спремна да го прифати барањето за седница на Постојаната анкетна комисија

Пратенички прашања во законодавниот дом

(ВИДЕО) Пратениците од опозицијата ја пробија оградата пред Парламентот на Србија

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

Петти ден амандманска расправа по Предлог буџетот за 2026 година