(ВИДЕО) Милевски му подари СЈО маица на Вељаноски, тој ја фрли во корпа

Од:

Опозицискиот пратеник, Горан Милевски на вчерашната седница му подари маица СЈО на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

– Не навредивте и ни кажавте дека не сме ги менувале маиците на Шарената револуција па сме се засмрделе. Јас денеска ви купив маичка, но не со боите на Шарената револуција бидејќи вие тоа не го заслужувате, туку со знакот на Специјалното јавно обвинителство. Вие сте еден од аболицираните политичари, обвинет за криминал па ќе ви ја подарам и би било добро кога ќе одите на распит во Обвинителството да ја облечете. Има разлика меѓу чесните и аболицираните политичари, чесните дома си ги перат своите маици, а аболицираните кажуваат дека секој ден ги менуваат костимите. Чесните политичари се капат дома со средства за хигиена што сами си и купаат, а аболицираните се капат во Собранието со хигиенски средства што се купуваат од парите на граѓаните, рече Милевски, по што Вељаноски му одговори дека во корпата има многу работи и дека маицата ќе ја стави таму.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Трајко Вељаноски: Рокот за гласање на уставните измени истекува денеска

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Горан Милевски ќе поднесе оставка од министерската функција

Петар Клинчарски

Вељаноски: Пендаровски и власта треба да знаат дека последен пат на Прохор Пчински македонска делегација била во 2009 година

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов