(ВИДЕО) Миланов: Бомбите не смеат да бидат доказ ако истрагите бидат преземени од друго обвинителство

Од:

Адвокатот Еленко Миланов по чија претставка одлучуваше Врховниот суд во однос на отварањето нови истраги и обвиненија од страна на СЈО, изјави дека нелегално прислушуваните разговори не смеат да бидат користени како доказ доколку истрагите бидат преземени од страна на друго обвинителство.

-Разговорите како доказ исклучиво беа внесени преку СЈО и овие бомби не можат да бидат користени од страна на ниту едно друго обвинителство доколку предметите и истрагите бидат превземени, рече Миланов по одлуката на Врховниот суд, СЈО да не може да отвара истраги и да поднесува нови обвиненија по рокот од 18 месеци.

По донесената одлука на Врховниот суд, се постави прашањето дали ќе опстане обвинението за случајот Талир за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ со оглед на тоа дека истрагата е започната пред 18 месеци, но обвинението е поднесено по изминувањето на рокот. Ставот на Миланов е дека обвинението не треба да биде прифатено токму поради тоа што обвинението е поднесено по истекувањето на 18 месеци од добивањето на незаконски прислушуваните материјали.

-Тоа што истрагата е отворена пред рокот значи дека тие знаеле и постапувале, не успеале да ја завршат истрагата и одредбата од членот 22 е јасна и децидна- не можат да поднесат обвинение, а така стои во известувањето на Врховниот суд. Оваа одлука важи за случајот „Талир 2“, веројатно би требало да важи и за „Талир 1“ со тоа што тука е малку проблематично бидејќи треба да се најде правниот основ по кој, во оваа фаза кога е потврдено обвинение кое е донесено од неовластен тужител, не би смеело да продолжи. Сепак треба да се провери правниот пропис, кој и во која фаза треба да го запре случајот, вели Миланов.

Во однос на преземањето на предметите од страна на редовното обвинителство, Миланов смета дека е дискутабилно бидејќи за сите дејствија на СЈО после протекот на рокот од 18 месеци не би можеле да се користат докази прибавени на тој начин.

-Специјалното јавно обвинителство согласно законот со кој е основаноима овластување да продолжи да ги води сите постапки во кои има поднесено обвиненија заклучно со 30.06 или моментот кога превземале дејствија. Но, тука се појаува уште 1 проблем. Во соопштението на Врховен се вели дека се бара кумулативенуслов исполнување на 18 месеци од моментот на преземање на материјалите како нелегални разговори и моментот на превземање на предметите. Мора да се види дали обвинението е поднесено во рок од 18 месеци од превземањето на предметот. Во едниот дел мислењето вели превземање на материјали и предмети како кумулативен услов што значи дека и двата услови треба да бидат исполнети да биде пред истекот на рокот од 18 месеци, вели Миланов.

Врховниот суд одржа oпшта седница зад затворени врати на која донесе начелно правно мислење дека специјалното јавно обвинителство може да поведе обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на бомбите и дека СЈО не е овластен тужител за преземање истраги и предистражни постапки.

Со оваа одлука паднаа истрагите кои ги отвори СЈО за видни функционери од поранешната власт, меѓу кои бегалецот Никола Груевски, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, ексминистрите Никола Тодоров, Миле Јанакиески и Антонијо Милошоски, ексградоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, како и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и вицепремиерот Бујар Османи, бизнисменот Орце Камчев, ексдиректорот на „Телеком“, Жарко Луковски, експратеничката Силвана Бонева и десетици други лица.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина: Русија почна масовно да користи термобарични боеви глави

Горан Наумовски

Полицајци пронашле рачни бомби поставени на планинарска патека

Горан Наумовски

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

СБУ: Руси поставиле експлозиви во продавници во Киев, планирале терористички напад