(ВИДЕО) Мицкоски пред девет месеци: Ќе поднесам оставка ако изгубиме или не составам Влада

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред девет месеци во интервју за „Макфакс“ изјави дека ќе поднесе оставка доколку партијата изгуби на избори, па дури и ако победи, а не успее да состави Влада. Во интервјуто од минатиот октомври тој беше дециден во намерата да отстапи од лидерската функција доколку еден од овие услови е исполнет.

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ ги изгуби следите избори, се разбира да, ќе понесам одговорност. Доколку тие избори бидат фер, бидат транспарентни, да, ќе понесам одговорност и ќе поднесам оставка. И не само тоа, ќе одам и чекор понатаму, доколку ВМРО-ДПМНЕ победи и не успееме да направиме Влада и тогаш ќе понесам одговорност“, рече Мицкоски во интервјуто.

Но, ден по изборите, иако ВМРО-ДПМНЕ имаше два патеници помалку, Христијан Мицкоски тоа го нарече победа и побара да формира Влада.

„Коалицијата СДСМ и Беса има околу 10 илјади гласа повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ. Доколку ги одземете 4 пратенички мандати на Беса, ќе видите дека ВМРО-ДПМНЕ има за два пратенички мандата повеќе од коалицијата која ја предводи СДСМ. Затоа велам дека ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот кредибилитет за формирање на нова Влада. Во деновите кои што следи мислам дека ќе се отворат прговори со сите политички субјекти, па да видиме како ќе се развиваат настаните“, кажа Мицкоски на прес-конференција која ја одржа вчера попладне.

Мицкоски вечерта по изборниот ден не излезе да и се обрати на јавноста, туку тоа го направи следниот ден. Истовремено, Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ го нарекоа „самонаречен лидер“ и побараа веднаш да поднесе оставка. Тие тврдат дека резултатот на партијата е катастрофален, а за тоа, вината ја гледаат кај Мицкоски. Освен негова оставка, пратеничката група бара одговорност и од раководството на партијата кое е блиско до лидерот.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, изборниот резултат го нарече четврти пораз по ред на ВМРО-ДПМНЕ.

„Апсолутно е нормално да се постави прашањето за промена на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Дојде време за ова прашање Ова се уште едни изгубени избори, четврти по ред – тие ги загубија локалните избори, го загубија референдумот, ги загубија претседателските и сега парламентарните избори“, изјави Јанчев за бугарската агенција „БГНЕС“.

Според резултатите кои вчера ги презентираше Државната изборна комисија, СДСМ освои 46, а ВМРО-ДПМНЕ доби 44 мандати.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не може да има шест милијарди евра Буџет, а да нема пари за поголеми плати на работниците

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

Мицкоски: СДСМ е клеветничка партија, дури и ваквото судство не може да ги „испере”

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Андоновска спречи криминал во ИЈЗ кој се правел 15 години

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да си ја гледа соработката со ДУИ и да каже зошто го пушти Груби да избега

Левица: Историскиот криминал на СДС со „Бехтел и Енка“ ДПМНЕ ќе го реализира со бивши затвореници