(ВИДЕО) Мицкоски обвини за поткуп, се прогласи победник и не сака со Заев: Со обвинети за криминал нема да коалицирам

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не признава пораз и вели дека СДСМ добиле повеќе гласови како резултат на поткуп и притисоци кои ги правеле. Тој посочи дека е подготвен да преговара со ДУИ за состав на Влада, но нема да прифати премиер Албанец.

Прес конференција

Posted by Hristijan Mickoski on Четврток, 16 јули 2020

„ВМРО-ДПМНЕ победи во 41 општина. Ова е резултат постигнат во тешки околности, силни притисоци и бројни нерегуларности. Власта спроведе масовен поткуп. Сајтот на ДИК не работи, а добиваме податоци дека сомнително се броени гласовите. Сето ова ми дава за право дека ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот кредибилитет да се бори за состав на новата Влада. Јас сум оптимист бидејќи постапуваме чесно и одговорно. Ова е тешка битка и со вас, граѓаните, ќе победиме. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка сила, ова е земја на народот. Притисокот и масовниот поткуп резултираше со 10 илјади гласови повеќе за СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот кредибилитет за состав на новата Влада. Преговорите допрва ќе почнат. Јас под услови не работам. ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ има помалку 10.000 гласови од коалицијата СДСМ и БЕСА“, рече Мицкоски.

На прашање дали е можна коалиција за СДСМ и Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кажа дека нема намера да коалицира со луѓе кои се осомничени за криминал, но не сакаше да каже дали вчеравечер контактирал со некој од лидерите на партиите од албанскиот блок.

„Не направивме предизборна коалиција со политичките партии од албанскиот блок, но не значи дека нема да направиме пост изборна коалиција. И во 2016 и овој пат, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има повеќе пратеници од коалицијата на СДСМ. Додека народот ја дава поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе се бориме за народот“, додаде Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ќе поднесат преговори до ДИК за изборите, но не кажа колку и на што ќе се однесуваат.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања