Независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е што Мицкоски нема доблест да го признае дебаклот

Од:

Групата досегашни независни пратеници кои потекнуваат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска упати соопштение до јавност порака по повод завршувањето на предвремените парламентарни избори, во кои уште еднаш го повикаа партискиот лидер Христијан Мицкоски да поднесе оставка и да преземе одговорност за изборниот резултат.

Соопштението го пренесуваме во целост:

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ упатува честитки за сите учесници во изборниот процес, кој согласно досегашните извештаи од набљудувачите, помина во мирна и демократска атмосфера, како што и доликува на Република Северна Македонија која ги отпочнува проговорите со Европската Унија.

Воедно, со жалење констатираме дека Христијан Мицкоски и донесе пораз на ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа, потврда дека на партијата и се неопходни реформи и темелна чистка, со цел нејзина демократизација. Ова е уште еден доказ дека Мицкоски е казнет и од нашето членство кое не дозволува ВМРО-ДПМНЕ да биде претворена во партија налик грчката Златна Зора. На членството му благодариме за стабилната поддршка која ја покажа, за разлика од Христијан кој донесе само негатива покажувајќи дека не умее да го искористи кадровиот потенцијал на нашата партија и избра да оди со кандидати како министерката на Бранко-Гога и Сафет Бишевац.

Изборниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ кој го донесе Мицкоски е последица на распарчувањето на партијата кое тој го донесе, исклучувајќи ги сите кои мислат различно од него и неколкумината негови потрчковци. Наместо како лидер, да обединува за силна победа, тој ширеше омраза, лаги и го ситнеше отпорот против владејачката гарнитура. Тој остана настрана и од помирувањето кое е толку потребно во нашето општество.

Срамно е немањето на доблест за признавање на дебаклот кој ние најавивме дека ќе и се случи на партијата, а со оглед на деструктивните политики водени од Мицкоски. Залудни се оправудавањата дека ВМРО-ДПМНЕ ја победила СДСМ и обидите за манипулација на чесното членство. Наместо тоа, Мицкоски, веднаш, без размислување, треба да поднесе оставка за катастрофалниот резултат кој и го донесе на партијата. Со него, треба да ги понесе и неговите „лева“ и „десна“ рака, како и сите нивни придружници кои изминативе години во континуитет ја носеа партијата во пропаст, наместо да се залагаат за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија и НАТО.

Самонаречениот лидер Мицкоски, кој во изборите се претстави како „даскал“, ги изгуби овие избори со 40.000 гласови помалку во споредба со претседателските избори. Доколку се направи споредба со парламентарните избори во 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ поради нечесните политики кои ги водеше Мицкоски има 150.000 гласови помалку. Тој самиот кажа дека доколку ги изгуби изборите или не состави Влада, ќе си поднесе оставка. Редно е барем еднаш да го одржи зборот и да замине засекогаш од ВМРО-ДПМНЕ. Доста беше лажен патриотизам и сквернавење на партијата. Доста беа погрешни политики и урнисување на името ВМРО-ДПМНЕ.

Во нашата партија има чесни поддржувачи, членови, активисти. Ти не си ВМРО-ДПМНЕ , ти си уништувач на идејата за модерно, центар десно ВМРО. Затоа, Христијан Мицкоски, заминувај веднаш.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, Македонија повторно ќе биде горда и твоја

Горан Наумовски

Мицкоски: Се слушнав со Таравари, во деновите што следат ќе разговараме со сите кои се против политиките на СДСМ и ДУИ

Анита Петровска Рајковиќ

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ: Забележани се случаи на семејно гласање и притисоци во Сарај

Орце Костов